Создавање 18:16-22
Создавање 18:16-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Потоа луѓето станаа и тргнаа кон Содом, а и Авраам појде со нив да ги испрати. А Господ рече: „Ќе кријам ли од Авраам што сакам да направам? Та од Авраам ќе излезе голем и силен народ, и преку него ќе бидат благословени сите народи на земјата. Затоа што го избрав за да им заповеда на синовите свои, и на домот свој по себе, да одат по патот Господов и да извршуваат правда и суд, и Господ ќе го исполни она, што му го вети на Авраам.“ И Господ рече: „Голем викот е против Содом и Гомора, зашто гревовите нивни се претешки. Затоа ќе слезам да видам дали е тоа токму така, како што доаѓа викот до Мене, или не.“ Оттаму луѓето тргнаа кон Содом, додека Авраам уште стоеше пред лицето на Господ.
Создавање 18:16-22 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Луѓето станаа и тргнаа кон Содом. Авраам тргна со нив, за да ги испрати. Господ рече: „Зар да го кријам од Авраама она што ќе го сторам, кога од Авраама ќе стане голем и броен народ, и во него ќе бидат благословени сите народи на земјата? Зашто Јас го познавам него, тој ќе ги поучува своите деца и својот дом после него како да одат по Господовиот пат и да прават она што е праведно и добро, така да може Господ да го исполни она што му го вети на Авраама.“ Тогаш Господ продолжи: „Голема е викотница против Содом и Гомор, бидејќи нивниот грев е претежок. Ќе слезам долу да видам дали прават навистина така, како што вели тужбата што стигна до мене. Сакам да разгледам.“ Оттаму луѓето тргнаа кон Содом, додека Авраам стоеше уште пред Господа.