Лого на YouVersion
Икона за пребарување

БИТИЕ 18:16-22

БИТИЕ 18:16-22 MKB

Луѓето станаа и тргнаа кон Содом. Авраам тргна со нив, за да ги испрати. Господ рече: „Зар да го кријам од Авраама она што ќе го сторам, кога од Авраама ќе стане голем и броен народ, и во него ќе бидат благословени сите народи на земјата? Зашто Јас го познавам него, тој ќе ги поучува своите деца и својот дом после него како да одат по Господовиот пат и да прават она што е праведно и добро, така да може Господ да го исполни она што му го вети на Авраама.“ Тогаш Господ продолжи: „Голема е викотница против Содом и Гомор, бидејќи нивниот грев е претежок. Ќе слезам долу да видам дали прават навистина така, како што вели тужбата што стигна до мене. Сакам да разгледам.“ Оттаму луѓето тргнаа кон Содом, додека Авраам стоеше уште пред Господа.