Создавање 18:10-14
Создавање 18:10-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Еден, пак, од нив му рече: „Догодина во ова време, Јас пак ќе дојдам кај тебе, и Сара, жената твоја ќе има син.“ А Сара слушаше на вратата од шаторот, зад него. Авраам и Сара беа стари – во поодминати години, и кај Сара беше престанало редовното кај жените. Затоа Сара се насмеа во себе, велејќи: „Сега ли, кога сум остарена, ќе ја имам оваа утеха? А и господарот ми е стар.“ Тогаш Господ му рече на Авраам: „Зошто се насмеа Сара, велејќи – Вистина ли е дека ќе родам, кога сум остарена? Има ли нешто неможно за Господ? Во определеното време Јас пак ќе дојдам кај тебе, и Сара ќе има син.“

Создавање 18:10-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тогаш еден од нив рече: „Јас пак ќе се вратам при тебе, догодина, во ова време; а твојата жена Сáра ќе има син.“ Зад него, на влезот на шаторот, Сáра потслушнуваше. А Авраам и Сáра беа остарени, во напредната возраст. На Сáра ѝ прекрати вообичаеното кај жените. Затоа Сáра се насмеа во себеси и си рече: „Откако овенав, сега ли ќе ја испитам радоста? Освен тоа и мојот господар е стар!“ Тогаш Господ го праша Авраама: „Зошто се насмеа Сáра, велејќи: ‘Како ќе родам јас кога сум стара?’ Има ли нешто невозможно за Господа? Ќе се вратам кај тебе откако ќе помине времето на бременоста: Сáра ќе има син.“