Тогаш еден од нив рече: „Јас пак ќе се вратам при тебе, догодина, во ова време; а твојата жена Сáра ќе има син.“ Зад него, на влезот на шаторот, Сáра потслушнуваше. А Авраам и Сáра беа остарени, во напредната возраст. На Сáра ѝ прекрати вообичаеното кај жените. Затоа Сáра се насмеа во себеси и си рече: „Откако овенав, сега ли ќе ја испитам радоста? Освен тоа и мојот господар е стар!“ Тогаш Господ го праша Авраама: „Зошто се насмеа Сáра, велејќи: ‘Како ќе родам јас кога сум стара?’ Има ли нешто невозможно за Господа? Ќе се вратам кај тебе откако ќе помине времето на бременоста: Сáра ќе има син.“
Прочитај БИТИЕ 18
Сподели
Спореди ги сите верзии: БИТИЕ 18:10-14
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа