Ездра 7:6-10
Ездра 7:6-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
тој Ездра тргна на пат од Вавилон. Тој беше книжник и го знаеше законот Мојсеев, даден од Господ, Бог Израелов. Царот му даде сѐ по желбата негова, зашто раката на Господ, неговиот Бог, беше над него. Со него отидоа во Ерусалим и некои синови Израелови, и свештеници, и левити, и пејачи, и чувари на вратите, и слуги на храмот во седмата година на царот Артаксеркс. Тој дојде во Ерусалим во петтиот месец, во седмата година од владеењето на царот. На првиот ден од првиот месец тој го започна излегувањето од Вавилон, а во првиот ден од петтиот месец тој дојде во Ерусалим: благодатната рака на неговиот Бог беше над него. Зашто Ездра го беше укрепил срцето свое да го изучува и да го исполнува законот Господов, и да го учи Израел во законите и уредбите.
Ездра 7:6-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
тој Езра, се врати од Вавилон. Беше книжевник вешт во Мојсеевиот Закон, што го даде Господ, Израелевиот Бог. Бидејќи раката на Господа, неговиот Бог, беше над него, царот му даде сѐ што бараше. Одреден број Израелци, свештеници, левити, певци, вратари и слуги тргнаа за Ерусалим во седмата година на царот Артаксеркс. А Ездра дојде во Ерусалим во петтиот месец: тоа беше во седмата царева година. Тргна од Вавилон во првиот ден на првиот месец, а стигна во Ерусалим во првиот ден на петтиот месец: над него беше добрата рака на неговиот Бог! Затоа Езра настојуваше, со сето свое срце, да проникне во Господовиот Закон, да го извршува и да го поучува Израел во законите и уредбите.