Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ездра 7

7
Свештеникот Ездра
1 # 4,7; 6,14; 2 Цар 22,4; 25,18 По тие настани, во текот на царувањето на Артаксеркс, царот персиски, Ездра – синот на Сераја, син на Азарија, син на Хелкија, 2син на Селум, син на Садок, син на Ахитув, 3син на Амарија, син на Азарија, син на Мерајот, 4син на Зерахија, син на Озиј, син на Буки, 5син на Авишуа, син на Финес, син на Елеазар, син на првосвештеникот Арон, – 6#7,9.28; 8,18.22.31; Неем 2,8.18тој Ездра тргна на пат од Вавилон. Тој беше книжник и го знаеше за­конот Мојсеев, даден од Господ, Бог Изра­елов. Царот му даде сѐ по желбата не­гова, зашто раката на Господ, неговиот Бог, беше над него. 7Со него отидоа во Ерусалим и некои синови Израелови, и свештеници, и ле­вити, и пејачи, и чувари на вратите, и слуги на храмот во седмата година на царот Артаксеркс. 8Тој дојде во Ерусалим во петтиот месец, во седмата година од владее­њето на царот. 9На првиот ден од првиот месец тој го започна излегувањето од Вавилон, а во првиот ден од петтиот месец тој дојде во Ерусалим: благодатната рака на неговиот Бог беше над него. 10#5 Мојс 33,10Зашто Ездра го беше укрепил ср­цето свое да го изучува и да го исполнува законот Господов, и да го учи Израел во законите и уредбите.
Задачите на Ездра доделени од Артаксеркс
11Еве ја содржината на писмото, што царот Артаксеркс му го даде на Ездра, свештеник и книжник, кој го учеше Израел на заповедите Госпо­дови и на законите Негови: 12#Ез 26,7; Дан 2,37„Артаксеркс, цар над царевите, до Ездра свештеникот, совршениот учи­тел во законот на небесниот Бог денес. 13Издадов указ, во царството мое секој од народот Израелов и од него­вите свештеници и левити што сака да оди во Ерусалим, нека појде со тебе. 14#Ест 1,14Бидејќи си испратен од царот и од седумте негови советници, да ги надгледуваш Јудеја и Ерусалим во зако­нот на твојот Бог, кој е во раката твоја, 15#5 Мојс 12,5; 1 Цар 8,13; 2 Лет 6,2и да го однесеш среброто и златото, кое царот и советниците негови го жрт­вуваа на Бог Израелов, Чие живе­алиш­те е во Ерусалим, 16#2 Мојс 3,22; Зах 6,10и сето сребро и злато што ќе го собереш по целата област Вавилон­ска, заедно со доброволните приноси од на­родот и свештениците што ќе жртвуваат за домот на својот Бог, Кој е во Еру­салим, – 17#4 Мојс 15,5-12; 2 Цар 3,4затоа веднаш купи за тие пари волови, овни, јагниња и житни приноси за нив, и преливи за нив, и принеси ги на жртвеникот во домот на вашиот Бог во Ерусалим. 18А она што ти и браќата твои ќе нај­дете дека е добро да направите од оста­натото сребро и злато, според волјата на Вашиот Бог направете. 19#8,25-27Садовите, пак, што ти беа дадени за служби во домот на твојот Бог, постави ги пред Бог Ерусалимски. 20#6,4И сѐ друго што е потребно за домот на твојот Бог, ова за што го сметаш де­ка е неопходно, давај од домот на цар­ските ризници. 21А јас, царот Артаксеркс, давам за­повед до сите ризничари, што се од онаа страна на Реката – сѐ што ќе посака од вас Ездра, свештеник и учител по законот на Бога небесен, без двоумење, давајте: 22#6,10сребро до сто кикари, жито до сто кора, вино до сто бата и пак до сто бата масло, а сол – без да се определува количеството. 23Сѐ, што е заповедано од Бога небесен треба да се врши грижливо за Неговиот дом, и гледајте, некој да не протегне рака врз домот на Бога небесен за да не падне гневот Негов врз царството, царот и синовите негови. 24Го кажавме да знаете дека на никого од свештениците и левитите, пеја­чите, чуварите на вратите, слуги­те на храмот и оние што служат при тој дом Божји нема да им се наложува данок, ни десеток, ни царина. 25#2 Мојс 18,13-26; 3 Мојс 10,11А ти, Ездра, според мудроста на твојот Бог, која е во раката твоја, постави управители и судии за да го судат сиот народ од онаа страна на Реката, – сите што ги знаат законите на твојот Бог, а кои не знаат, научи ги. 26#6,11И кој не го исполнува законот на твојот Бог и законот царски, тој без одлагање да се осуди, било на смрт, било со прогонство, било со парична глоба, или со затвор во темница.“
Ездра Му благодари на Бога
27Нека е благословен Господ, Бог на нашите предци, Кој влеа во срцето на царот таква мисла да го прослави домот Господов што е во Ерусалим, 28#2 Цар 25,28и Кој ја управи кон мене милоста на царот, на советниците негови и на сите силни кнезови царски! И јас се ох­рабрив, бидејќи раката на Господ, мојот Бог, беше над мене, и ги собрав кнезовите израелски, за да одат со мене.

Селектирано:

Ездра 7: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност