Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ездра 6

6
Одговор од царот Дариј
1 # 4,15 Тогаш царот Дариј издаде запо­вед, и бараа во Вавилон, во архивот, ка­де што ги чуваа важните документи. 2И во Ахмета, во дворецот, кој е во областа Мидија, беше пронајден еден свиток, и во него беше напишано вака: „Потсетник. 3#1 Цар 6,2Во првата година од владеењето на царот Кир, царот издаде указ за домот Господов во Ерусалим: Нека биде из­граден дом на она место, каде што принесуваат жртви, и нека му се постават здрави темели; висината негова – шее­сет лакти, ширината негова – шеесет лакти; 4#1 Цар 6,36; 7,12три реда големи камења, еден ред дрва; а трошоците нека се плаќаат од царскиот дом. 5#1,7; 1 Лет 29,2Уште и садовите на Божјиот дом, златни и сребрени што Навуходо­носор ги изнесол од ерусалимскиот храм и ги однел во Вавилон, нека се вратат и од­несат во ерусалимскиот храм и да бидат наместени во Божји­от дом, секој на свое место. 6#5,3Затоа, Татенај, кој управуваш со задречната област, и ти Ситар-Бознај и вие нивни соработници, испратени во областа зад Реката, бидете на разумна оддалеченост оттаму! 7Не запирајте ја работата на Божји­от дом; јудејскиот кнез и јудејските ста­решини нека го градат оној Божји дом на местото негово. 8А јас издадов указ, според кој треба да им помагате на тие старе­шини јудеј­ски во градбата на овој дом Божји, односно: од царскиот имот – од данокот на задречната област да им се дава на тие луѓе за да не се запира работата; 9и колку што ќе бидат потребни – телиња, овни или јагниња за сепаленици на Бога небесен, исто така и пче­ница, сол, вино и масло, толку, колку што ќе определат свештени­ците еруса­лимски, нека им се дава секој ден без прекин, 10#1 Тим 2,2за да принесуваат благопријатни жртви на Бога небесен, и да се молат за животот на царот и синовите негови. 11#7,26; 5 Мојс 21,22-23; Ест 2,23; 5,14; 9,14; Дан 2,5; 3,29Заповедам уште – кој ќе ја измени оваа наредба, да извадат греда од ку­ќата негова, да го издигнат и при­коваат на неа, а куќата негова поради тоа да се претвори во урнатини. 12#2 Мојс 20,24; 5 Мојс 12,5И Бог, Чие име престојува таму, да го собори секој цар и народ што ќе протегне рака да го измени ова за штета на тој дом Божји во Ерусалим. Јас, Дариј, го издадов овој указ, нека биде точно спроведен!“ 13Тогаш Татенај, управителот на зад­речната област, Ситар-Бознај и нивни­те соработници, постапуваа точно она­ка, како што заповеда царот Дариј.
Осветување на повторно изградениот храм
14 # 5,1 И јудејските старешини градеа и напредуваа според пророштвото на пророкот Агеј и Захарија, синот на Идо. Изградија и завршија според волјата на Бог Израелов и според волјата на Кир, Дариј и Артаксеркс, ца­реви персиски. 15Завршен беше овој дом на третиот ден од месец адар, во шестата година од царувањето на царот Дариј. 16#1 Цар 8,62-66; 2 Лет; 7,1-10И синовите Израелови, свеште­ниците, левитите и другите, што се беа вратиле од пленство, со радост го из­вршија осветувањето на тој Божји дом. 17#2 Сам 6,13; 1 Цар 8,63; 2 Лет 29,21И принесоа при осветувањето на тој Божји дом: сто вола, двесте овни, чети­ристотини јагниња и дванаесет јарци како жртва за грев за целиот Израел, според бројот на племињата Израелови. 18#4 Мојс 3,6-9; 8,9-11; 1 Лет 24,1; 2 Лет 35,4; Лк 1,5И поставија свештеници според чиновите нивни и левити според родо­вите нивни за Божја служба во Еру­салим, како што беше заповедано во книгата Мојсеева.
Јудејците го прославуваат празникот Пасха
19 # 2 Мојс 12,1-14 Потоа вратените од пленство про­славија Пасха во четиринаесеттиот ден на првиот месец, 20#2 Лет 30,17зашто свештениците и левитите се беа очистиле, – тие сите до еден беа чис­ти; и заклаа пасхални јагниња за сите вратени од пленство, за своите браќа свештеници и за себеси. 21#9,1; 5 Мојс 18,9; Ез 36,25; Пс 14,2; Неем 9,2И јадеа синовите Израелови што се беа вратиле од пленство, и сите што се беа откажале од нечистотијата на народите на земјата за да Му се поклонат на Господ, Бог Израелов. 22#1,1; 2 Мојс 12,17А го празнуваа со радост и праз­никот Бесквасници седум дена, зашто Господ ги зарадува и го сврте кон нив срцето на асирскиот цар за да ги поткрепи рацете нивни при градењето на домот на Господ, Бог Израелов.

Селектирано:

Ездра 6: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се