Излез 11:1-7
Излез 11:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Пак му рече Господ на Мојсеј: „Уште едно зло ќе пратам над фараонот и над Египет, па тогаш ќе ве пушти оттука; и кога ќе ве пушти, просто ќе ве истера оттука. А сега кажи му на народот: секој човек нека побара од соседот свој и секоја жена од сосетката своја сребрени и златни предмети.“ И даде Господ народот да најде благонаклоност кај Египќаните; а и самиот Мојсеј беше многу голем човек во египетската земја, во очите на слугите фараонови и пред народот. И рече Мојсеј: „Вака вели Господ: ‚На полноќ ќе поминам низ Египет, и ќе умре секој првороден во земјата египетска, од првородениот син фараонов, кој треба да седне на престолот негов, до првородениот син на слугинката, која се наоѓа во воденицата, и првородениот добиток. И ќе настане голем пискот по целата египетска земја, каков што досега немало, ниту некогаш ќе го има. А кај синовите на Израел нигде нема ни куче да залае со својот јазик, ниту против човек, ниту против животно, за да се види каква разлика прави Господ меѓу Израелците и Египќаните.‘
Излез 11:1-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
„Со уште една несреќа ќе ги удрам фараонот и Египет - му рече Господ на Мојсеја. Потоа ќе ве пушти оттука. И повеќе: самиот ќе ве истера оттука. Кажи му на народот нека секој човек побара од својот сосед и секоја жена од својата сосетка сребрени и златни скапоцености.“ Господ направи па Египетците му беа наклонети на народот. Самиот Мојсеј стана почитуван во Египетската Земја, во очите на фараоновите службеници и во очите на народот. А тогаш Мојсеј навести: „Господ порачува вака: ‘Ќе поминам низ Египет на полноќ. Секој првороденец во Египетската Земја ќе умре, од фараоновиот првороденец, кој би требало да седи на неговиот престол, до првороденецот на робинката, која се наоѓа покрај мелничкиот камен; а ќе загинат и сите првородени на добитокот. Во целата Египетска Земја ќе настане голем писок, каков не бил ниту ќе биде после. Меѓу Израелците ни пес не ќе залае ни живо суштество: ни на човек ни на животно. По тоа ќе знаете дека Господ ги дели Израелците од Египетците.’