Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 11

11
Објавување на последната казна
1 # 3,20; 6,1 Пак му рече Господ на Мојсеј: „Уште едно зло ќе пратам над фараонот и над Египет, па тогаш ќе ве пушти оттука; и кога ќе ве пушти, просто ќе ве истера оттука. 2#3,21-22А сега кажи му на народот: секој човек нека побара од соседот свој и секоја жена од сосетката своја сребрени и златни предмети.“ 3#3,21-22; 5 Мојс 34,11; Дела 7,22И даде Господ народот да најде благонаклоност кај Египќаните; а и самиот Мојсеј беше многу голем човек во египетската земја, во очите на слугите фараонови и пред народот. 4#12,12; 12,23.29; Јов 34,20И рече Мојсеј: „Вака вели Господ: ‚На полноќ ќе поминам низ Египет, 5#4,23; 13,11-16; Ис 47,2и ќе умре секој првороден во земјата египетска, од првородениот син фара­онов, кој треба да седне на престолот негов, до првородениот син на слугинката, која се наоѓа во воденицата, и првородениот добиток. 6#12,30; Амос 5,17И ќе настане голем пискот по целата египетска земја, каков што досега немало, ниту некогаш ќе го има. 7#8,18А кај синовите на Израел нигде нема ни куче да залае со својот јазик, ниту против човек, ниту против животно, за да се види каква разлика прави Господ меѓу Израелците и Египќаните.‘ 8#12,31-33Па ќе дојдат сите тие слуги твои кај мене, и ќе ми се поклонат, велејќи: ‚Оди си и ти и целиот твој народ, што го водиш со тебе.‘ И тогаш ќе излезам.“ И си излезе Мојсеј разгневен. 9#3,20; 7,4А Господ му рече на Мојсеј: „Нема да ве послуша фараонот, за да се умно­жат чудата Мои во земјата египетска.“ 10#4,21Мојсеј и Арон ги направија сите овие чуда пред фараонот, но Господ му го ожесточи срцето на фараонот, и тој не ги пушти синовите израелски од својата земја.

Селектирано:

Излез 11: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се