Естира 4:12-16
Естира 4:12-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И му ги пренесоа на Мардохеј зборовите на Естира. Мардохеј во одговор ѝ рече на Естира: „Не мисли дека ти единствена од сите Јудејци ќе се спасиш во царскиот дом. Ако ти премолчиш во ова време, тогаш слободата и спасението на Јудејците ќе дојде од друго место, а ти и домот на таткото твој ќе загинете. И кој знае, дали токму за вакво време не си достигнала царско достоинство?“ А Естира му одговори на Мардохеј, велејќи: „Оди, собери ги сите Јудејци што се наоѓаат во Суза, и постете за мене, и не јадете, и не пијте три дена, ни дење ни ноќе, и јас со слугите свои исто така ќе постам и потоа ќе одам кај царот, иако е тоа и против законот, па ако загинам – нека загинам.“
Естира 4:12-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
На Мардохеја, му беа соопштени Естерините зборови, па тој ѝ порача на Естира: „Не мисли дека ќе се спасиш, затоа што се наоѓаш во царскиот дворец, единствено само ти од сите Евреи: зошто ако молчиш во оваа прилика, на Евреите ќе им стигне помош и спасение од друга страна, а ти ќе пропаднеш со куќата и својот татко. Кој знае дали токму и не си се искачила до царската чест заради часот каков што е овој?“ Естира пак му порача на Мардохеја: „Ајде собери ги сите Евреи, кои со наоѓаат во Шуша. Постете за мене: не јадете ниту пијте три дни и три ноќи. И јас ќе постам така со своите девојки. Така подготвена ќе влезам кај царот, иако е спротивно на законот, па ако треба да загинам ќе загинам.“