ЕСТИРА 4
4
Е. Мардохеја повикува Естира да помогне
1Мардохеј научи за сѐ што се случи: ја раскина облеката врзсебе, облече вреќишта, се посипа со пепел и помина сред градот тажејќи гласно и горко. 2Дојде само до царевата врата, зашто со она вреќиште врз себе не можеше да помине низ неа. 3Во секоја покраина, секаде каде ќе се научеше за царевиот збор и за неговиот проглас, жалоста завладуваше меѓу Евреите: постеа плачеа и ридаа. На мнозина од нив вреќиштето и пепелта им стана легло.
4Естирините девојки и нејзините скопеници дојдоа да ја известат за тоа. Царицата се вознемири многу. Му испрати облека на Мардохеј за да ја облече, а да го соблече вреќиштето од себе, ама тој одби. 5Тогаш Естира го повика Атаха, еден од царевите скопеници, кој ѝ беше одреден на служба, па го испрати кај Мардохеј за да научи од него што се случило и зошто е таков. 6Атах отиде до Мардохеја на градскиот плоштад, пред царевата врата. 7Мардохеј му раскажа што му се случило и подробно го извести за сребрениците што Аман ветил да ги вложи во царевата благајна, за да би можел да ги уништи Евреите. 8Му го даде и преписот од наредбата за нивното погубување, која беше објавена во Шуша, за да ѝ ја покаже на Естира, та да ѝ јави да ѝ наложи да отиде кај царот: нека го моли за милост и нека посредува кај него за својот народ. 9Атах се врати и ја донесе на Естира Мардохеевата порака. 10Естира му одговори на Атах и му нареди да му соопшти на Мардохеј: „Сите цареви службеници и народот на царевите покраини знаат дека секој оној било да е тој маж или жена, кој ќе влезе неповикан кај царот во внатрешното предворје, го чека само еден закон: смртна казна, освен ако царот не го испружи кон таквиот својот златен жезол и му го поштеди животот. А јас веќе триесет дена не сум била повикана кај царот.“ 12На Мардохеја, му беа соопштени Естерините зборови, 13па тој ѝ порача на Естира: „Не мисли дека ќе се спасиш, затоа што се наоѓаш во царскиот дворец, единствено само ти од сите Евреи: 14зошто ако молчиш во оваа прилика, на Евреите ќе им стигне помош и спасение од друга страна, а ти ќе пропаднеш со куќата и својот татко. Кој знае дали токму и не си се искачила до царската чест заради часот каков што е овој?“ 15Естира пак му порача на Мардохеја: 16„Ајде собери ги сите Евреи, кои со наоѓаат во Шуша. Постете за мене: не јадете ниту пијте три дни и три ноќи. И јас ќе постам така со своите девојки. Така подготвена ќе влезам кај царот, иако е спротивно на законот, па ако треба да загинам ќе загинам.“ 17Тогаш Мардохеј се повлече и направи како што му нареди Естира.
Селектирано:
ЕСТИРА 4: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.