Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Естира 4

4
Мардохеј ја моли Естира за посредување
1 # 1 Мојс 37,29.34; 44,13; Суд 11,35; 2 Цар 18,37; Ис 37,1; Јона 3,6; Јов 2,12; Дан 9,3 Кога Мардохеј дозна за сѐ што се правеше, ја раскина облеката, стави врз себе вреќиште и пепел, излезе среде градот и викаше силно и со огорченост: „Се истребува народ во ништо необвинет.“ 2И дојде до царската порта и запре, бидејќи не можеше да влезе со вре­ќиште и со пепел. 3#2 Сам 12,16; 13,36; Ис 22,12; Ер 48,5.38; Јоил 1,14; Јона 3,5; Мих 1,8.11; 2 Лет 20,3Исто така и во секоја област и мес­то, каде и да пристигнеше запо­ведта на царот и повелбата негова, настануваше голема тага кај Јудеј­ците и пост и пла­чење и викање; вре­ќиштата и пепелта им служеа како постела на мнозина. 4Дојдоа слугинките и дворјаните на Естира и ѝ раскажаа сѐ; царицата силно се возбуди. Таа испрати облека да го преоблечат Мардохеј и да го симне од себе вреќиштето. Но тој не ги прими. 5Тогаш Естира го повика Хатах, еден од евнусите на царот, кого тој го беше одредил да биде покрај неа, и го испра­ти кај Мардохеј да дознае: што значи тоа и зошто е? 6Хатах отиде кај Мардохеј на градскиот плоштад што беше пред царската порта. 7#3,9Мардохеј му раскажа за сѐ што се беше случило со него, и за определеното количество сребро, што Аман го бе­ше ветил да го одмери во царската риз­ница за да бидат истребени Јудејците; 8#2,10и му врачи препис од повелбата, објавена во Суза, за истребувањето нивно за да ѝ ја покаже на Естира, та таа да дознае за сѐ; притоа ѝ порача да оди кај царот и да му се моли за својот народ. 9Хатах дојде и ѝ ја предаде на Естира пораката на Мардохеј. 10И му рече Естира на Хатах, испраќајќи го, да му каже на Мардо­хеј: 11„Сите слуги кај царот и народите во царските области знаат дека секој, било тоа маж или жена, што ќе влезе кај царот од внатрешниот двор, а да не е повикан, го очекува една пресуда – смрт; само оној, кон кого царот ќе го пружи својот златен жезол, останува жив. А јас не сум повикана кај царот еве веќе триесет дена.“ 12И му ги пренесоа на Мардохеј зборовите на Естира. 13Мардохеј во одговор ѝ рече на Естира: „Не мисли дека ти единствена од сите Јудејци ќе се спасиш во цар­скиот дом. 14#1 Мојс 45,7-8; 50,20Ако ти премолчиш во ова време, тогаш слободата и спасението на Ју­дејците ќе дојде од друго место, а ти и домот на таткото твој ќе загинете. И кој знае, дали токму за вакво време не си достигнала царско достоинство?“ 15А Естира му одговори на Мар­дохеј, велејќи: 16#Јоил 1,14; 2,12.15; 2 Лет 20,3„Оди, собери ги сите Јудејци што се наоѓаат во Суза, и постете за мене, и не јадете, и не пијте три дена, ни дење ни ноќе, и јас со слугите свои исто така ќе постам и потоа ќе одам кај царот, иако е тоа и против зако­нот, па ако загинам – нека загинам.“ 17Тогаш отиде Мардохеј и направи, како што му порача Естира.

Селектирано:

Естира 4: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се