Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Естира 2:12-18

Естира 2:12-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Кога доаѓаше времето на секоја девојка да влезе кај царот Ксеркс, откако дванаесет месеци по ред беше извршувано над неа сѐ, определено за жените, – зашто за толку време продол­жуваа дните на дотерувањето нивно: шест месеци со смирново масло и шест месеци со благопријатни мириси и со други женски работи – дури тогаш девојката влегуваше кај царот. И што и да побараше таа, ќе ѝ дадеа и со тоа одеше од жен­скиот дом во домот на царот. Вечерта таа влегуваше и утредента се враќаше во друг женски дом под надзор на царскиот чувар на наложниците; и веќе не влегуваше кај царот, – освен ако царот ја побараше, и ќе ја повикаа по име. Кога дојде време за Естира, ќерка на Авихаил, чичко на Мардохеј, кој ја беше прибрал кај себе место ќерка, – да оди при царот, таа не побара ни­што, освен она што ѝ го кажа царскиот дворјанин Хегај, чувар на жените. И Естира им се допадна на сите што ја видоа. И беше земена Естира кај царот Ксеркс, во неговиот царски дом, во десеттиот месец, односно во месецот тевет, во седмата година од царувањето негово. Царот ја засака Естира повеќе од сите жени, и таа ја доби неговата бла­гонаклоност и љубов повеќе од сите девојки; тој ѝ стави на главата царски венец и ја постави за царица на местото на Астина. И царот им приреди голема гозба на сите свои кнезови и слуги кај него, – гоштевање поради Естира, и им даде олеснувања на областите и раздаде подароци со царска штедрост.

Естира 2:12-18 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Секоја девојка требаше да влезе кај царот кога, според уредбата за жените, ќе дојдеше ред на неа, односно после дванаесет месеци. Зашто тогаш завршуваше времето на нивното разубавување: шест месеци со масло од смирна, а шест месеци со мирислива смола и со други масти за женска нега. Па кога девојката влегуваше кај царот, ѝ беше дозволено да понесе со себе, од женската куќа во царскиот дворец, сѐ што ќе побараше. Таа влегуваше навечер, а наутро се враќаше во друга женска куќа, под надзор на Саазгаза, царев скопеник, чувар на соложниците. Веќе не му се враќаше на царот, освен ако ја посакаше посебно и ако ја повикаше кај себе по име. Кога ѝ дојде ред на Естира, ќерката на Авихаил, кој беше чичко на Мардохеј, кој ја имаше присвоено за своја ќерка - да влезе кај царот, таа не побара ништо освен она што ѝ рече Игај, царевиот скопеник, чувар на жените. Сепак предизвикуваше восхитување кај сите кои ја гледаа. И така, ја воведоа Естира кај царот, во неговиот царски дворец, во десетиот месец, месец тевет, во седмата година на неговото владеење. Царот ја заљуби Естира повеќе од сите други жени; таа му омиле повеќе од сите други девици и таа ја придоби неговата наклонетост. И тој го стави царскиот венец на нејзината глава, па таа стана царица место Астина. Потоа царот даде голема гозба, во чест на Естира, за своите кнезови и службеници; на сите покраини им одреди починка и им раздели дарови, царски дарежливо.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност