Кога доаѓаше времето на секоја девојка да влезе кај царот Ксеркс, откако дванаесет месеци по ред беше извршувано над неа сѐ, определено за жените, – зашто за толку време продолжуваа дните на дотерувањето нивно: шест месеци со смирново масло и шест месеци со благопријатни мириси и со други женски работи – дури тогаш девојката влегуваше кај царот. И што и да побараше таа, ќе ѝ дадеа и со тоа одеше од женскиот дом во домот на царот. Вечерта таа влегуваше и утредента се враќаше во друг женски дом под надзор на царскиот чувар на наложниците; и веќе не влегуваше кај царот, – освен ако царот ја побараше, и ќе ја повикаа по име. Кога дојде време за Естира, ќерка на Авихаил, чичко на Мардохеј, кој ја беше прибрал кај себе место ќерка, – да оди при царот, таа не побара ништо, освен она што ѝ го кажа царскиот дворјанин Хегај, чувар на жените. И Естира им се допадна на сите што ја видоа. И беше земена Естира кај царот Ксеркс, во неговиот царски дом, во десеттиот месец, односно во месецот тевет, во седмата година од царувањето негово. Царот ја засака Естира повеќе од сите жени, и таа ја доби неговата благонаклоност и љубов повеќе од сите девојки; тој ѝ стави на главата царски венец и ја постави за царица на местото на Астина. И царот им приреди голема гозба на сите свои кнезови и слуги кај него, – гоштевање поради Естира, и им даде олеснувања на областите и раздаде подароци со царска штедрост.
Прочитај Естира 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: Естира 2:12-18
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа