Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЕСТИРА 2:12-18

ЕСТИРА 2:12-18 MKB

Секоја девојка требаше да влезе кај царот кога, според уредбата за жените, ќе дојдеше ред на неа, односно после дванаесет месеци. Зашто тогаш завршуваше времето на нивното разубавување: шест месеци со масло од смирна, а шест месеци со мирислива смола и со други масти за женска нега. Па кога девојката влегуваше кај царот, ѝ беше дозволено да понесе со себе, од женската куќа во царскиот дворец, сѐ што ќе побараше. Таа влегуваше навечер, а наутро се враќаше во друга женска куќа, под надзор на Саазгаза, царев скопеник, чувар на соложниците. Веќе не му се враќаше на царот, освен ако ја посакаше посебно и ако ја повикаше кај себе по име. Кога ѝ дојде ред на Естира, ќерката на Авихаил, кој беше чичко на Мардохеј, кој ја имаше присвоено за своја ќерка - да влезе кај царот, таа не побара ништо освен она што ѝ рече Игај, царевиот скопеник, чувар на жените. Сепак предизвикуваше восхитување кај сите кои ја гледаа. И така, ја воведоа Естира кај царот, во неговиот царски дворец, во десетиот месец, месец тевет, во седмата година на неговото владеење. Царот ја заљуби Естира повеќе од сите други жени; таа му омиле повеќе од сите други девици и таа ја придоби неговата наклонетост. И тој го стави царскиот венец на нејзината глава, па таа стана царица место Астина. Потоа царот даде голема гозба, во чест на Естира, за своите кнезови и службеници; на сите покраини им одреди починка и им раздели дарови, царски дарежливо.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност