Проповедник 4:8-12
Проповедник 4:8-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
човек осамен, нема близок: нема ни син, ни брат, а пак на сите работи негови крај нема, и очите негови не можат да се наситат со богатство. „За кого, пак, – вели тој – се трудам и ја лишувам од добра душата своја?“ – Ете, и тоа е суета и лоша работа. Подобро им е на двајца, отколку на еден, бидејќи имаат добра награда за трудот свој. Зашто, ако падне едниот, другиот ќе го крене другарот свој. Но тешко на еден, ако падне, ќе нема друг, кој да го крене. Исто, кога лежат двајца, топло им е; а еден – како ќе се згрее? И, ако некој го надвие едниот, тоа двајца ќе го навасаат; и јажето, трипати усукано, нема лесно да се скине.
Проповедник 4:8-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Човек сосем сам - без син, без брат, и пак нема крај на неговиот труд; очите не можат да му се наситат со богатство; а не мисли: за кого се трудам и си го скратувам доброто себеси? И тоа е суета и зло дело. Подобро им е на двајцата отколку на еден, зашто имаат подобра плата за својот труд. Ако падне едниот, другиот ќе го поткрене а тешко му на едниот! Ако падне, нема никој да го крене. Па и ако се спие двајца заедно потопло е; а како ќе се загрее самецот? И ако некој удри на едниот, двајцата ќе му се спротиват; и троструко јаже не се кине скоро.