Проповедник 4
4
Неправди и аномалии во општествениот живот
1 #
3,16
Се свртев и ги видов сите неправди, што стануваат под сонцето; и ете, солзите на онеправданите, и утешител немаат; силата е во рацете на угнетувачите, а закрилник нема. 2Па си реков: блазе им на умрените, што умреле одамна, отколку на живите, што живеат досега; 3#6,3; Ер 20,18; Јов 3,16; 10,18а поблажен е и од едните и од другите оној, што уште не постои, кој не ги видел лошите работи, што се вршат на земјата. 4#2,11А видов исто дека секој труд и секој успех во работите предизвикува меѓу луѓето заемна завист. Но и тоа е суета и мака за духот. 5#Изреки 6,10-11Глупавиот седи со скрстени раце и го гризе своето сопствено тело. 6Подобро една шепа во мир, отколку две со труд и мака во духот. 7Се свртев и видов друга суета на земјата: 8човек осамен, нема близок: нема ни син, ни брат, а пак на сите работи негови крај нема, и очите негови не можат да се наситат со богатство. „За кого, пак, – вели тој – се трудам и ја лишувам од добра душата своја?“ – Ете, и тоа е суета и лоша работа. 9#Изреки 18,19; Лк 10,1Подобро им е на двајца, отколку на еден, бидејќи имаат добра награда за трудот свој. 10Зашто, ако падне едниот, другиот ќе го крене другарот свој. Но тешко на еден, ако падне, ќе нема друг, кој да го крене. 11#1 Цар 1,1-2Исто, кога лежат двајца, топло им е; а еден – како ќе се згрее? 12И, ако некој го надвие едниот, тоа двајца ќе го навасаат; и јажето, трипати усукано, нема лесно да се скине. 13#9,15Подобар е младинец сиромав и умен, отколку цар – неразумен и стар, кој веќе не умее да прима совети; 14зашто младиот може да излезе од темница и да стане цар, иако се родил сиромав во царството. 15Ги видов сите живи, што одат под сонцето, со вториот младич што ќе застане на негово место. 16Број немаше сиот оној народ, што беше пред него, иако подоцнежните нема да му се радуваат. И тоа е суета и гонење ветер.
Не брзај да изговараш зборови пред Господ
17 #
Изреки 19,2
Чувај ја ногата своја, кога одиш во Божјиот дом, и биди готов повеќе да слушаш, отколку да гледаш како безумните принесуваат жртви, зашто тие не знаат дека вршат зло.
Селектирано:
Проповедник 4: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006