Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Проповедник 5

5
1 # 5 Мојс 4,39; Ис.Н. 2,11; Изреки 20,25; Мт 6,7 Не брзај со јазикот свој, и срцето твое да не брза да изговара збо­рови пред Господ; зашто Бог е на небото, а ти на земјата; затоа зборо­вите твои да не бидат многу. 2#5,11; Изреки 10,19; 13,3; Јк 3,8Зашто, како што соништата доа­ѓаат при многу грижи, така и гласот на глупавиот се познава од многуте зборови. 3Кога даваш завет на Бога, не двоуми се да го извршиш, зашто Тој не ги сака безумните: она што си го ветил, изврши го. 4#3 Мојс 27,2; 4 Мојс 30,3; 5 Мојс 23,22-24Подобро е да не ветуваш, отколку да ветиш и да не го извршиш. 5Не ѝ дозволувај на устата своја да го тера во грев телото твое и не зборувај пред ангелот Божји: „Тоа е грешка!“ Зошто ти е да правиш така, и Бог да се разгневи на зборот твој и да го сотре делото на рацете твои? 6#3,14Зашто, како во многуте соништа, така и во многуте зборови има суета; но ти имај страв од Бога.
Злоупотребите на власта
7 # 3,16; Јов 9,24 Ако видиш некаде на сиромав да се врши неправда и да му се одзема судот и правдата, не чуди се на тоа: зашто над високиот гледа повисок, а над нив – уште повисок; 8но од сѐ покорисна е земјата; и царот на нивата ѝ служи.
Од богатството нема полза
9Кој го љуби среброто, со сребро не­ма да се насити, и кој сака богатство, тој нема да има полза од тоа. И тоа е суета! 10#Изреки 19,6Се зголемува ли имотот – се зголемуваат и корисниците негови; и каква корист за сопственикот негов: зар само да гледа со очите свои? 11#Изреки 13,8Сладок е сонот за оној, кој се труди, – па јадел тој малку или многу; но прејадувањето не му дава на богатиот да заспие. 12Има едно тешко зло, што сум го видел на земјата: богатство, што се чува за зло на оној, кој го поседува. 13А тоа богатство може да се изгуби во несреќно време: му се роди син и не остане ништо во рацете негови. 14#Пс 49,17; Јов 1,21Како што излегол гол од мајчина­та утроба, така и си заминува, каков што дошол; ништо нема да земе од трудот свој, што би можел в рака да понесе. 15И тоа е големо зло: каков што дошол, таков си заминува. Каква е, тогаш, ползата за него, кога се трудел залудо? 16#7,9; Јов 14,1А целиот живот бил мрачен од многу грижи, маки и страдања. 17#2,24Еве уште што најдов за добро и пријатно: да се јаде и да се пие и да се насладува од доброто на сите свои трудови, со кои некој се труди на земјата преку сите дни од животот свој, што му ги дал Бог; зашто тоа е негов дел. 18#3,13И, ако на некој човек Бог му дал богатство, и имот и му дал да се пол­зува од нив, да го зема својот дел и да се насладува од трудовите свои, – тоа е Божји дар. 19Нема долго време да ги помни тој дните на животот свој; затоа Бог и го наградува со радоста на срцето негово.

Селектирано:

Проповедник 5: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се