Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Повторени закони 6:1-9

Повторени закони 6:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Ова се заповедите, наредбите и законите, на кои заповеда Господ, Бог ваш, да ве научам, како да постапувате во онаа земја, во која одите да ја наследите: да се плашиш од Господ, твојот Бог, и сите Негови наредби и заповеди Негови, што ти ги кажувам, да ги пазиш ти и синовите твои и внуците твои во сите денови на животот твој, за да живееш долго. И така, чуј Израеле, и потруди се да го исполнуваш тоа, за да ти биде добро, и да се намножите многу многу, како што Господ, Бог на татковците ваши, им беше рекол дека тебе ќе ти даде земја, каде што тече мед и млеко. Послушај, Израеле: Господ, нашиот Бог, е единствен Господ, сакај Го Господа, твојот Бог, од сѐ срце, со сета душа твоја и со сите сили твои! Овие зборови, што ти ги заповедам денес, да бидат во твоето срце; и пренесувај им ги на децата свои и зборувај за нив, кога седиш дома и кога си на пат, кога си легнуваш и кога стануваш; и врзи ги на раката своја како знак, и нека ти бидат ознака над очите твои, и напишете ги врз надвратникот од вашите куќи и на вашите градски пор­ти.

Повторени закони 6:1-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

„Ова се заповедите, законите и одредбите за кои Господ, вашиот Бог, ми заповеда да ве поучам во нив, за да ги вршите во земјата во која што одите да ја земете во сопственост за да се боиш, во текот на целиот свој живот, од Господа, од својот Бог, ти, твојот син и синот на твојот син, вршејќи ги сите Негови закони и сите Негови заповеди што ти ги повелам, па да имаш долг живот. Слушај, Израелу, пази ги и врши ги, за да ти биде добро и за да се размножиш во земјата во која течат мед и млеко, како што ти вети Господ, Бог на твоите татковци.“ „Чуј, Израелу! Господ е наш Бог, Господ е Еден! Затоа љуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа и со сета своја сила! Овие зборови што денес ти ги заповедам, нека ти се врежат во срцето. Напомнувај им ги на своите синови. Зборувај им за нив кога седиш дома во својата куќа и кога одиш патем; кога легнуваш и кога стануваш. Врзи ги на својата рака за знак, и нека ти бидат како запис меѓу очите! Напиши ги на довратниците на својата куќа и на своите врати!