Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Повторени закони 6:1-9

Повторени закони 6:1-9 MK2006

Ова се заповедите, наредбите и законите, на кои заповеда Господ, Бог ваш, да ве научам, како да постапувате во онаа земја, во која одите да ја наследите: да се плашиш од Господ, твојот Бог, и сите Негови наредби и заповеди Негови, што ти ги кажувам, да ги пазиш ти и синовите твои и внуците твои во сите денови на животот твој, за да живееш долго. И така, чуј Израеле, и потруди се да го исполнуваш тоа, за да ти биде добро, и да се намножите многу многу, како што Господ, Бог на татковците ваши, им беше рекол дека тебе ќе ти даде земја, каде што тече мед и млеко. Послушај, Израеле: Господ, нашиот Бог, е единствен Господ, сакај Го Господа, твојот Бог, од сѐ срце, со сета душа твоја и со сите сили твои! Овие зборови, што ти ги заповедам денес, да бидат во твоето срце; и пренесувај им ги на децата свои и зборувај за нив, кога седиш дома и кога си на пат, кога си легнуваш и кога стануваш; и врзи ги на раката своја како знак, и нека ти бидат ознака над очите твои, и напишете ги врз надвратникот од вашите куќи и на вашите градски пор­ти.