Повторени закони 28:15-19
Повторени закони 28:15-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ако, пак, не го слушаш гласот на Господ, твојот Бог, и не ги пазиш и не ги исполнуваш сите Негови заповеди и наредби, што ти ги заповедам денес, ќе паднат врз тебе и ќе се збиднат сите овие проклетства. Проклет ќе бидеш во градот и проклет ќе бидеш во полето. Проклети ќе бидат твоите кошници и твоите ноќви. Проклет ќе биде плодот на утробата твоја и плодот на земјата твоја, плодот на говедата твои и плодот на овците твои. Проклет ќе бидеш, кога влегуваш, и проклет кога излегуваш.
Повторени закони 28:15-19 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
„Но ако не го слушаш гласот на Господа, својот Бог, не пазејќи и не извршувајќи ги Неговите заповеди и сите Негови закони што ти ги наредувам денес, сите овие проклетства ќе дојдат врз тебе и ќе те стигнат: Проклет ќе бидеш во градот, проклет во полето. Проклет ќе биде твојот кош, и твоите ноќви. Проклет ќе биде плодот на твојата утроба и родот на твојата земја, младите на твоите говеда и прирастот на твоите стада. Проклет ќе бидеш кога ќе влегуваш, проклет кога ќе излегуваш.