Ако, пак, не го слушаш гласот на Господ, твојот Бог, и не ги пазиш и не ги исполнуваш сите Негови заповеди и наредби, што ти ги заповедам денес, ќе паднат врз тебе и ќе се збиднат сите овие проклетства. Проклет ќе бидеш во градот и проклет ќе бидеш во полето. Проклети ќе бидат твоите кошници и твоите ноќви. Проклет ќе биде плодот на утробата твоја и плодот на земјата твоја, плодот на говедата твои и плодот на овците твои. Проклет ќе бидеш, кога влегуваш, и проклет кога излегуваш.
Прочитај Повторени закони 28
Сподели
Спореди ги сите верзии: Повторени закони 28:15-19
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа