Повторени закони 21:18-21
Повторени закони 21:18-21 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
„Ако некој има опак и непокорен син, кој не сака да ги слуша ни таткото ни мајката - па ни тогаш откако ќе го казнат - неговиот татко и неговата мајка нека го одведат при старешините на својот град, при вратата на своето место, и нека им речат на градските старешини: ‘Овој наш син е опак и непокорен; не сака да нѐ слуша; ништожник е и пијаница.’ Потоа сите луѓе, неговите сограѓани, нека го опсипат со камења додека не загине. Така ќе го откорнеш злото од својата средина: сиот Израел ќе го чуе тоа и ќе се бои.“
Повторени закони 21:18-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ако некој има буен и непокорен син, кој не го слуша гласот на својот татко и гласот на својата мајка, па иако го казнувале, тој пак е непослушен; тогаш татко му и мајка му нека го земат и одведат при старешините на градот, при вратите на своето местоживеење, па нека им кажат на градските старешини: „Овој наш син е буен и непокорен, не ги слуша нашите совети, расипник е и пијаница.“ Тогаш сите мажи од градот негов нека го каменуваат до смрт; така исчистете го злото од самите себе, и другите ќе чујат и ќе се уплашат.