Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ВТОРОЗАКОНИЕ 21

21
1„Ако во земјата што ти ја дава Господ, твојот Бог, за да ја земеш во сопственост, се најде некој убиен како лежи во полето - а не се знае кој го убил - 2тогаш нека отидат твоите старешини и судии и нека ја измерат оддалеченоста од убиениот до градовите наоколу. 3Така ќе утврдат кој град е најблизу до убиениот. Тогаш старешините на тој град нека земат јуница што уште не работела: што уште не влекла под јарем. 4Потоа старешините на оној град нека ја отераат јуницата во некој непресушлив поток, на место што не се обработува и што не се сее, и таму, при потокот, нека ја заколат јуницата. 5Потоа нека дојдат свештениците, Левиевите потомци. Зашто нив ги одбра Господ, твојот Бог, за да Му служат и за да благословуваат во Господово име; и според нивниот збор се решава секој спор и секое насилство. 6Потоа сите старешини од оној град, што ќе биде најблизу до убиениот, нека ги измијат рацете во потокот над закланата јуница. 7Потоа нека изјават: ‘Нашите раце не ја пролеаја оваа крв ниту нашите очи видоа што и да е. 8Закрили го, Господи, Својот народ Израел, што го ослободи; не дозволувај да се пролева невина крв во твојот Израелски народ!’ Така ќе биде заштитен од крвта. 9А ти ќе го отстраниш пролевањето на невина крв од својата средина ако направиш што е право во Господовите очи.“
10„Кога ќе отидеш во војна против своите непријатели, па Господ, твојот Бог, ти ги предаде во твои раце, па ги заробиш, 11ако забележиш меѓу плениците убава жена и се загледаш во неа, можеш да ја земеш за жена. 12Доведи ја во својата куќа, па нека ја избричи главата, нека ги потсече ноктите, 13и нека ја отфрли облеката во која беше заробена. Нека помине цел месец во твојот дом, оплакувајќи ги татка си и мајка си. Потоа можеш да ѝ пристапиш како маж, и нека ти стане жена. 14Ако потоа не ти биде по волја, пушти ја каде што ѝ е мило. Не смееш да ја продадеш за сребреници, ниту да постапуваш со неа како со робинка, зашто ти беше жена.“
15„Ако некој човек има две жени: една што му е мила, а другата што му е немила, па милата и немилата му родат синови, ама првороденецот е од онаа што не му е возљубена, 16тогаш, кога ќе дојде денот да го подели својот имот меѓу своите синови, не смее да постапи кон првороденецот од возљубената на штета на синот од немилата, кој е првенец, 17туку треба да го признае за првороденец синот на невозљубената и да му даде нему двоен дел од сѐ што има. Зашто тој е првина на неговата сила - нему му припаѓа правото на првородството.“
Казна за опак син
18„Ако некој има опак и непокорен син, кој не сака да ги слуша ни таткото ни мајката - па ни тогаш откако ќе го казнат - 19неговиот татко и неговата мајка нека го одведат при старешините на својот град, при вратата на своето место, 20и нека им речат на градските старешини: ‘Овој наш син е опак и непокорен; не сака да нѐ слуша; ништожник е и пијаница.’ 21Потоа сите луѓе, неговите сограѓани, нека го опсипат со камења додека не загине. Така ќе го откорнеш злото од својата средина: сиот Израел ќе го чуе тоа и ќе се бои.“
Погребение на обесен престапник
22„Ако некој направи зло што заслужува смрт, па биде погубен со бесење на дрво, 23неговото мртво тело нека не остане на дрвото преку ноќта, туку погреби го во истиот ден, зашто обесениот е Божјо проклетство. Така нема да ја извалкаш својата земја, што Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство.“

Селектирано:

ВТОРОЗАКОНИЕ 21: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се