Даниел 1:17-21
Даниел 1:17-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И им дарува Бог на четирите момчиња знаење и разбирање на секаква книга и мудрост, а на Даниел му подари уште да толкува и секакви виденија и соништа. Откако завршија деновите, кога царот беше заповедал да ги претстават, началникот на дворјаните ги претстави пред Навуходоносор. Царот зборуваше со нив и од сите момчиња не се најде ниту едно како што беа Даниел, Ананија, Мисаил и Азарија, и потоа тие почнаа да служат пред царот. И во сѐ, за што се бараше мудрост и разбирање, и за што и да ги прашаше царот, ги најде за десетпати подобри од сите гатачи и гледачи, колку што ги имаше во целото негово царство. И остана таму Даниел до првата година на царот Кир.
Даниел 1:17-21 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
На овие четири момчиња Бог им даде знаење и разбирање на сите книги и мудрости. Даниел ги разбираше виденијата и соништата. Откако се исполни времето одредено од царот за да му ги доведат, старешината на придворниците ги воведе пред Навуходоносора. Царот разговараше со нив, и меѓу сите не се најде ниеден како Даниел, Ананиј, Мисаил и Азариј. И така тие останаа пред царот. И во сѐ мудро и умно за што ги испитуваше царот, се најде дека се десетпати повешти од сите волшебници и гатачи што ги имаше во сето негово царство. Даниел остана таму до првата година на владеењето на цар Кир.