Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Даниел 1

1
Учењето Даниелово
1 # Ер 27,19-20; 2 Цар 24,1-2; 24,13; 2 Лет 36,5-7 Во третата година од царувањето на јудејскиот цар Јоаким се крена вавилонскиот цар Навуходоносор против Ерусалим и го опседна. 2И го предаде Господ во раката негова јудејскиот цар Јоаким и дел од са­довите на домот Божји, и тој ги испрати во земјата Сенаар#1,2 Вавилонија, Јужна Месопотамија., во домот на него­виот бог, и ги внесоа тие садови во риз­ницата на неговиот бог. 3#Ис 39,7; 2 Цар 20,18И му рече царот на Ашпеназ, начал­никот на дворјаните, да му доведе од синовите Израелови, од царски и кне­жевски род, 4#1 Мојс 39,6; Езд 4,7момчиња кои немаа никаков телесен недостаток, лични за гледање и способни за секаква наука, добро воспитани, бистри, што ќе одговараат за служење во царските палати, и да ги научи хал­дејски јазик. 5#2 Цар 25,29-30И определи царот секојдневна храна од царската трпеза и вино што сам го пиеше, па заповеда да ги одгледуваат три години, а потоа да се појават пред царот. 6Меѓу нив беа од Јудините синови Даниел, Ананија, Мисаил и Азарија. 7#2,26Тогаш началникот на дворјаните им ги смени имињата: Даниел го нарече Валтазар, Ананија – Седрах, Мисаил – Мисах и Азарија – Авденаго. 8#Ез 4,13-14Даниел науми да не се осквернува со јадењето од царската трпеза и од виното што го пиеше царот, па затоа го за­моли началникот на дворјаните да не го принудува да се осквернува. 9#1 Мојс 39,21Бог му даде на Даниел милост и благонаклоност кај началникот на дворјаните. 10И така, началникот на дворјаните му рече на Даниел: „Се плашам од својот господар, царот, кој лично ја определи храната и пиењето; ако ги види вашите лица послаби, отколку што се кај момчињата, вашите врсници, вие ќе го доведете во опасност мојот живот пред царот.“ 11Тогаш Даниел му рече на чуварот, кого го беше поставил над Даниел, Ананија, Мисаил и Азарија началникот на дворјаните: 12#Откр 2,10„Обиди се со слугите свои – десет дни нека ни даваат зеленчук како храна и вода како пиење; 13а потоа нека се јават пред тебе нашите лица и лицата на оние момчиња што се хранат од царската трпеза, па потоа постапувај со слугите свои, како што ќе мислиш да е добро.“ 14#Откр 2,10Тој ги послуша во тоа и направи таков обид со нив десет дена. 15#2 Мојс 23,25По десетте дена лицата нивни из­гледаа поубави, а и телесно беа пополни од сите оние момчиња, што се хра­неа со царските јадења. 16Оттогаш чуварот им даваше зелен­чук, наместо царската храна. 17#2,23; Јов 12,13; Кол 1,9И им дарува Бог на четирите мом­чиња знаење и разбирање на секаква книга и мудрост, а на Даниел му подари уште да толкува и секакви виденија и соништа. 18Откако завршија деновите, кога царот беше заповедал да ги претстават, началникот на дворјаните ги претстави пред Навуходоносор. 19Царот зборуваше со нив и од сите момчиња не се најде ниту едно како што беа Даниел, Ананија, Мисаил и Азарија, и потоа тие почнаа да служат пред царот. 20#1 Мојс 41,8; Ест 2,15И во сѐ, за што се бараше мудрост и разбирање, и за што и да ги прашаше царот, ги најде за десетпати подобри од сите гатачи и гледачи, колку што ги имаше во целото негово царство. 21#6,9; 10,1; Езд 1,1; 2 Лет 36,22И остана таму Даниел до првата го­дина на царот Кир.

Селектирано:

Даниел 1: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност