Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Даниел Вовед

Вовед
Уште во својата младост Даниел бил заробен од Вавилонците при падот на Ерусалим и одведен во ропство.
Книгата на пророкот Даниел може да се подели на два дела.
Во првиот дел (1–6) се опишуваат доживувањата на младите Јудејци, кои зазеле видни места во вавилонската власт. Опишана е нивната верност кон Господ, дури и по цена на нивниот живот. Овој дел завршува со извештај за позицијата на Даниел во Мидиско-Персиското царство, кое претходно ги поразило Вавилонците.
Во вториот дел (7–12) Даниел опишува неколку виденија што тој ги имал и објаснувањето за нив дадено од ангелите.
Книгата, меѓу другото, има за цел да покаже дека Господ ги контролира настаните низ историјата; дека се грижи и за поединците, кога тие Му се верни и дека еден ден ќе воспостави целосна правда во светот и победа на Неговиот верен народ.

Селектирано:

Даниел Вовед: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се