Дела 9:3-6
Дела 9:3-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога се приближи до Дамаск, ненадејно блесна во него силна светлина од небото! Тој падна на земјата и слушна глас, како му се обраќа: „Савле, Савле! Зошто Ме прогонуваш?“ „Кој сте Вие, господине?“ - праша Савле. Господ му одговори: „Јас сум Исус, Кого ти Го прогонуваш! Стани и влези во градот; таму ќе ти биде кажано што треба да правиш!“
Дела 9:3-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Но, додека по патот наближуваше до Дамаск, наеднаш го обзеде светлина од небото, и, откако падна на земја, слушна глас што му зборуваше: „Савле, Савле, зошто Ме гониш?“ А тој одговори: „Кој си Ти, Господине?“ А Господ му рече: „Јас сум Исус, Кого Го гониш.“ (Тресејќи се од страв и ужас, тој праша: „Господи, што сакаш да направам?“ А Господ му рече:) „Стани и влези во градот; и ќе ти се каже што треба да правиш!“
Дела 9:3-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кога на својот пат му се приближи на Дамаск, одненадеж го осветли светлина од небото; и падна на земјата и чу глас, кој му рече: „Савле, Савле, зошто Ме гониш?“ А тој рече: „Кој си Ти, Господине?“ А Тој рече: „Јас Сум Исус, Кого ти Го гониш. Тешко е за тебе да се риташ против бодило!“ Тресејќи се од страв и ужас, тој праша: „Господи што сакаш да направам?“ А Господ му рече: „Стани и влези во градот, и ќе ти се каже, што треба да правиш!“