Дела 9:26-30
Дела 9:26-30 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А кога пристигнаа во Ерусалим, Савле настојуваше да им се придружи на учениците; но сите се плашеа од него, бидејќи не веруваа дека тој навистина е ученик. Варнава, пак, го зеде и го одведе кај апостолите, па им раскажа како Савле по патот Го видел Господа, дека Господ му зборувал, а исто така и дека во Дамаск отворено го проповедал името на Исус. И оттогаш тој остана со нив, влегуваше и излегуваше во Ерусалим, и смело говореше во името на Господ. А зборуваше и се препираше исто така и со елинизираните Јудејци, кои се обидуваа да го убијат. Штом разбраа за тоа браќата, го одведоа во Кесарија, од каде го испратија во Тарс.
Дела 9:26-30 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Од Дамаск, Савле отпатува за Ерусалим, каде што се обиде да се поврзе со тамошните христијани, но тие се плашеа од него и не веруваа дека и тој навистина станал христијанин. Тогаш Барнаба го доведе кај апостолите и им раскажа како Савле на патот се сретнал со Господ и зборувал со Него, па како во Дамаск смело проповедал за Исус. Тогаш апостолите го прифатија. Савле остана извесно време со нив, движејќи се во Ерусалим и околината, смело проповедајќи за Господ. Се расправаше и со некои елинизирани Евреи, но тие се обидуваа да го убијат. Кога дознаа за ова, христијаните го одведоа во Цезареја, и оттаму го испратија за Тарс.
Дела 9:26-30 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А кога дојде во Ерусалим, се обидуваше да им се доближи на учениците; но сите се боеја од него, зашто не веруваа дека е ученик. Тогаш Варнава го зеде и го одведе при апостолите и им раскажа како патем Го видел Господа, и дека му зборуваше, и како во Дамаск проповедаше смело во Исусовото Име. И со нив влегуваше во Ерусалим, и излегуваше, проповедајќи смело во Господовото име. Зборуваше и се препираше со елинистите, а тие гледаа да го убијат. А кога браќата го научија тоа, го одведоа во Ќесарија, и оттаму го испратија во Тарс.