Дела 9:17-19
Дела 9:17-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Ананија отиде и влезе во посочената куќа. Ги положи рацете врз Савле и рече: „Брате Савле, ме испрати Господ Исус, Оној што ти се јави на патот по кој доаѓаше, за повторно да прогледаш и да се исполниш со Светиот Дух.“ Од очите на Савле веднаш падна нешто како лушпа и тој повторно прогледа. Потоа стана и беше крстен. Откако се најаде, му се врати силата. Савле остана неколку дена со христијаните во Дамаск.
Дела 9:17-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А Ананија отиде и влезе во куќата и, откако ги положи рацете свои над него, рече: „Брате Савле, Господ Исус, Кој ти се јави по патот, по кој доаѓаше, ме прати за да прогледаш и да се исполниш со Дух Свети.“ И одеднаш како лушпи да паднаа од очите негови, и тој прогледа и кога стана, се крсти. А откако прими храна, Савле закрепна. Потоа неколку дена преседе со учениците во Дамаск
Дела 9:17-19 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И Ананиј отиде, и влезе во куќата и ги положи рацете на него и рече: „Брате Савле, Господ Исус, Кој ти се јави на патот по кој доаѓаше, ме испрати за да прогледаш и да се исполниш со Светиот Дух.“ И веднаш паднаа од неговите очи како лушпи и тој прогледа; стана и беше крстен; и прими храна, и закрепна. Неколку дена Савле помина со учениците, кои беа во Дамаск.