Дела 28:25-27
Дела 28:25-27 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Се појавија несогласувања, па почнаа да си заминуваат, а Павле им рече: „Во право беше Светиот Дух кога преку пророкот Исаија за вашите предци рече: ,Оди кај овој народ и речи му: Ќе го слушате Моето Слово, но нема да го разберете; ќе ги гледате Моите дела, но нема да ги сфатите! Зашто, срцата на овие луѓе им се закоравени! Со ушите одвај слушаат, а очите си ги затвораат! Не сакаат да видат, да слушнат, да разберат, па да се свртат кон Мене за да ги исцелам!‘
Дела 28:25-27 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Бидејќи беа несложни меѓу себе, тие почнаа да се разотидуваат; и во тоа време Павле им ги кажа овие зборови: „Добро им рекол Духот Свети на татковците ваши преку пророкот Исаија, велејќи: ‚Оди и кажи му на овој народ: со уши ќе чуете, и нема да разберете, со очи ќе гледате, и нема да видите, зашто срцето на овие луѓе закоравело, та со ушите мачно слушаат, а очите свои ги затвориле, па некако со очите да не видат и со ушите да не чујат, и со срцето да не разберат, и да не се обратат, за да ги исцелам.‘
Дела 28:25-27 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Бидејќи беа несложни меѓу себе, почнаа да се разотидуваат, откако Павле им рече уште еден збор: „Добро им кажа Светиот Дух на вашите татковци, преку пророкот Исаија, велејќи: ‘Оди при овој народ и кажи му: ќе слушате и не ќе разбирате; ќе гледате и нема да видите; зашто закораве срцето на овој народ и со ушите тешко слушаат; а своите очи ги затворија, за да не гледаат со очите и да не слушаат со ушите; и да не разбираат со срцето; и да не се обратат и да не ги исцелам.’