Дела 15:36-41
Дела 15:36-41 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
По некое време Павле му рече на Варнава: „Да појдеме пак во сите градови, каде што го проповедавме словото Господово за да ги видиме како живеат.“ Варнава предложи да го земат со себе и Јован, наречен Марко. Но Павле сметаше дека не доликува да го земат со себе оној, што се беше одделил од нив во Памфилија и не беше пошол со нив по работата, за која беа пратени. Поради тоа дојде до жестока расправија, така што тие се разделија еден од друг; и Варнава, откако го зеде Марко, отплови за Кипар; а Павле, пак, го избра Сила и замина, од браќата предаден на Божјата благодат. И, минувајќи низ Сирија и Киликија, ги утврдуваше црквите.
Дела 15:36-41 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
По извесно време Павле му рече на Барнаба: „Ајде да се вратиме и повторно да ги посетиме христијаните по сите градови каде што ја проповедавме пораката од Господ, за да видиме како се.“ Барнаба се согласи, но предложи да го поведат со себе и Јован, со прекар Марко. Меѓутоа, Павле сметаше дека не треба да водат со себе човек што веќе еднаш ги остави во Памфилија и се повлече од работата. Несогласувањето беше толку остро што тие се разделија. Барнаба го зеде со себе Марко и тие отпловија за Кипар. Павле, пак, го зеде со себе Сила, и заедно тргнаа на пат, откако верните се помолија Господ да им биде благонаклонет. Така тие пропатуваа низ Сирија и Киликија, и по сите цркви ги охрабруваа христијаните.
Дела 15:36-41 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
По неколку дена Павле му рече на Варнава: „Да се вратиме пак и да ги посетиме браќата по сите градови, каде го проповедавме Господовото слово, за да видиме како се!“ А Варнава сакаше да го поведат со себе и Јована, наречен Марко. А Павле сметаше дека не треба да го водат оној, кој се одделил од нив во Памфилија и не беше пошол со нив на дело. И дојде до расправа, така што се разделија еден од друг. Варнава го зеде со себе Марка и отплови за Кипар; а Павле го избра Сила и тргна, предаден од браќата на Господовата благодат. И поминуваше низ Сирија и Киликија и ги утврдуваше црквите.