По неколку дена Павле му рече на Варнава: „Да се вратиме пак и да ги посетиме браќата по сите градови, каде го проповедавме Господовото слово, за да видиме како се!“ А Варнава сакаше да го поведат со себе и Јована, наречен Марко. А Павле сметаше дека не треба да го водат оној, кој се одделил од нив во Памфилија и не беше пошол со нив на дело. И дојде до расправа, така што се разделија еден од друг. Варнава го зеде со себе Марка и отплови за Кипар; а Павле го избра Сила и тргна, предаден од браќата на Господовата благодат. И поминуваше низ Сирија и Киликија и ги утврдуваше црквите.
Прочитај ДЕЛА 15
Сподели
Спореди ги сите верзии: ДЕЛА 15:36-41
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа