По некое време Павле му рече на Варнава: „Да појдеме пак во сите градови, каде што го проповедавме словото Господово за да ги видиме како живеат.“ Варнава предложи да го земат со себе и Јован, наречен Марко. Но Павле сметаше дека не доликува да го земат со себе оној, што се беше одделил од нив во Памфилија и не беше пошол со нив по работата, за која беа пратени. Поради тоа дојде до жестока расправија, така што тие се разделија еден од друг; и Варнава, откако го зеде Марко, отплови за Кипар; а Павле, пак, го избра Сила и замина, од браќата предаден на Божјата благодат. И, минувајќи низ Сирија и Киликија, ги утврдуваше црквите.
Прочитај Дела 15
Слушај Дела 15
Сподели
Спореди ги сите верзии: Дела 15:36-41
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа