Дела 13:49-52
Дела 13:49-52 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Така пораката Господова се ширеше низ целата област. Тогаш еврејските челници ги подбуцнаа поистакнатите религиозни жени и градските водачи, кои се кренаа против Павле и Барнаба и ги истераа од нивната област. Павле и Барнаба ја истресоа правта од стапалата и отидоа во градот Иконија, а христијаните беа полни со радост и со Светиот Дух.
Дела 13:49-52 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И словото Господово се распространуваше по целиот крај. Но Јудејците, откако ги наговорија побожните и чесните жени и градските првенци, поттикнаа гонење против Павле и Варнава, и ги истераа од својот крај. Тие, го истресоа правот од нозете свои на нив, и дојдоа во Иконија. А учениците се исполнија со радост и Дух Свети.
Дела 13:49-52 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И Господовото слово се распространуваше по целата земја. А Јудејците ги поттикнаа угледните и побожните жени и градските првенци, и подигнаа гонење против Павла и Варнава, и ги изгонија од своите предели. Овие го истресоа правот од своите нозе против нив и дојдоа во Иконија. А учениците се исполнија со радост и со Светиот Дух.