Дела 13:35-37
Дела 13:35-37 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Во еден друг псалм, појаснува: ,Ти нема да дозволиш Твојот Светец да скапува во гробот.‘ Ова ветување не се однесуваше на Давид, зашто Тој, откако ја изврши Божјата мисија меѓу своите современици, почина и беше прибран кај своите предци, а неговото тело се распадна. Ова се однесуваше на некој друг, на Оној Кого Бог Го воскресна, на Исус. Тој не остана во гробот, Неговото тело не се распадна.
Дела 13:35-37 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
За тоа и на друго место зборува: ‚Нема да допуштиш Твојот светец да види распаѓање.‘ А навистина Давид, откако му служеше на својот род, според Божјата волја, се присоедини кон татковците и виде распаѓање; но Оној, Кого Бог Го воскресна, не виде распаѓање.
Дела 13:35-37 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Затоа и во друг псалм вели: ‘Нема да дозволиш Твојот Светец да види гниење.’ А Давид му послужи на своето поколение и според Божјата волја заспа и им се придружи на своите татковци и виде гниење. А Оној, Кого Бог Го воскресна, не виде гниење.