Дела 1:9-11
Дела 1:9-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Откако им го рече ова, пред нивните очи Исус почна да се подига кон небото и тие Го гледаа се додека облак не Го скри од нивните погледи. Додека тие со вперени погледи кон небото гледаа како Тој заминува, пред нив се појавија двајца мажи облечени во бело, и им рекоа: „Галилејци, зошто стоите и зјапате во небото? Истиот Исус, Кој пред вашите очи се вознесе на небото, повторно ќе дојде, на истиот начин на кој и замина!“
Дела 1:9-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И штом го рече тоа, додека тие Го гледаа Тој се подигна, и облак Го подзеде од пред очите нивни. И како што гледаа кон небото додека Тој се вознесуваше, одеднаш пред нив застанаа двајца мажи во бела облека, и рекоа: „Луѓе Галилејци, што стоите и гледате кон небото? Овој Исус, Кој од вас се вознесе на небото, ќе дојде пак на истиот начин како што Го видовте да оди на небото.“
Дела 1:9-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)
И кога го рече тоа, се вознесе пред нивните очи, и еден облак Го зеде од пред нивните погледи. И кога гледаа кон небото, додека Тој се вознесуваше, ете двајца мажи во бела облека застанаа покрај нив и им рекоа: „Мажи, Галилејци, зошто стоите и гледате во небото? Овој Исус, Кој од вас се вознесе во небото, ќе дојде така, како што Го видовте да оди во небо.”