Дела 1:6-11
Дела 1:6-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Додека апостолите беа со Исус, честопати Го прашуваа: „Господе, сега ли ќе го ослободиш Израел и ќе го возобновиш нашето царство?“ Тој им одговори: „Времето и датумите ги определува небесниот Татко и не сметал за потребно вам да ви ги кажува! Но штом Светиот Дух ќе слезе врз вас, вие ќе добиете сила и ќе им проповедате за Мене на луѓето во Ерусалим, во цела Јудеја, во Самарија, и се до крајот на Земјата.“ Откако им го рече ова, пред нивните очи Исус почна да се подига кон небото и тие Го гледаа се додека облак не Го скри од нивните погледи. Додека тие со вперени погледи кон небото гледаа како Тој заминува, пред нив се појавија двајца мажи облечени во бело, и им рекоа: „Галилејци, зошто стоите и зјапате во небото? Истиот Исус, Кој пред вашите очи се вознесе на небото, повторно ќе дојде, на истиот начин на кој и замина!“
Дела 1:6-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А тие, кои беа собрани, Го прашаа велејќи: „Во ова време ли Ти ќе го востановиш, Господи, царството Израелово?“ И Тој им одговори: „Не е ваше да ги знаете времињата или часот што Отецот ги поставил во Своја власт; но ќе примите сила од Светиот Дух, Кој ќе слезе на вас и ќе Ми бидете сведоци во Ерусалим и во цела Јудеја и Самарија, и сѐ до крајот на земјата.“ И штом го рече тоа, додека тие Го гледаа Тој се подигна, и облак Го подзеде од пред очите нивни. И како што гледаа кон небото додека Тој се вознесуваше, одеднаш пред нив застанаа двајца мажи во бела облека, и рекоа: „Луѓе Галилејци, што стоите и гледате кон небото? Овој Исус, Кој од вас се вознесе на небото, ќе дојде пак на истиот начин како што Го видовте да оди на небото.“
Дела 1:6-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А собраните Го прашаа со овие зборови: „Господи сега ли ќе го востановиш Израелевото Цар-ство?“ А Тој им рече: „Не е ваше да ги знаете времињата и наста-ните, што Таткото ги одреди со Својата власт. Туку ќе примите сила кога Светиот Дух ќе слезе на вас и ќе Ми бидете сведоци како во Ерусалим, така и во цела Јудеја, и во Самарија, и сѐ до крајот на земјата.“ И кога го рече тоа, се вознесе пред нивните очи, и еден облак Го зеде од пред нивните погледи. И кога гледаа кон небото, додека Тој се вознесуваше, ете двајца мажи во бела облека застанаа покрај нив и им рекоа: „Мажи, Галилејци, зошто стоите и гледате во небото? Овој Исус, Кој од вас се вознесе во небото, ќе дојде така, како што Го видовте да оди во небо.“