Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Самоилова 7:2-7

2 Самоилова 7:2-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

царот му рече на пророкот Натан: „Погледај! Еве, јас живеам во дом од кедровина, а Божјиот Ковчег стои под шатор.“ А Натан му одговори на царот: „Оди и прави сѐ што ти е на срце, зашто Господ е со тебе.“ Но во истата ноќ на Натана му дојде оваа Господово слово: “Оди и речи му на Мојот слуга Давид: ‘Господ зборува вака: „Зар ти ќе ми изградиш куќа, за да престојувам во неа? Никогаш не престојував во куќа откако ги изведов Израелевите синови од Египет па до денешниот ден, туку бев скитник под шатор и во Престојувалиштето. Додека одев со сите Израелеви синови, дали му реков еден збор на некој од израелевите судии, на кои им заповедав да бидат пастири на Мојот израелски народ, и дали кажав: ‘Зошто не ми изградите дом од кедрово дрво?’“‘