царот му рече на пророкот Натан: „Ете, јас живеам во кедров дом, а Божјиот ковчег стои под шатор.“ А Натан му одговори на царот: „Оди, прави сѐ што ти е на срце, зашто Господ е со тебе.“ Но во истата ноќ дојде ова слово Господово до Натан: „Оди, кажи му на Мојот слуга Давид: Вака говори Господ: ‚Ти ли ќе Ми изградиш дом за да живеам во него, кога Јас не сум живеел во дом, откако ги изведов синовите Израелови од Египет и до денес, но престојував во шаторот и во скинијата. Каде и да одев со сите синови Израелови, му кажав ли барем еден збор на некое од племињата, на кое сум му наложувал да го пасе Мојот народ Израел: зошто не ми изградивте кедров дом?‘
Прочитај 2 Самоилова 7
Сподели
Спореди ги сите верзии: 2 Самоилова 7:2-7
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа