Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Самоилова 21:15-22

2 Самоилова 21:15-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И започна пак војна меѓу Филистеј­ците и Израелците. И излезе Давид и слугите негови со него и војуваа со Фи­листејците; и Давид се умори. Тогаш Јишби-Бенов, еден од по­томците на Харафа, чие копје тежеше триста шекели бакар и кој беше препа­шан со нов меч, сакаше да го убие Давид. Но Авеса, синот на Саруја, му по­могна и го удри Филистеецот и го уби. Тогаш Давидовите луѓе се заколнаа и рекоа: „Ти нема повеќе да излегуваш со нас во војна за да не згасне светилото Израелово.“ Потоа пак имаше војна со Филис­тејците во Гов; тогаш Сивхај од Хуша го уби Саф, еден друг потомок на Хара­фа. Стана и друга битка во Гет; тогаш Елханан, синот на Јааре-Орегим вит­леемецот, го уби Гетчанецот Го­лијат, на кого дршката на копјето му беше колку ткаечко кросно. Настана уште една војна во Гет; и таму имаше еден крупен човек, исто така од потомците на Харафа, со по шест прсти на рацете и на нозете, вкупно дваесет и четири. Тој ги навредуваше Израелците; но Јонатан, синот на Шима, Давидо­виот брат, го уби. Тие четворицата беа од родот на Харафа во Гет, и паднаа од раката на Давид и на слугите негови.

2 Самоилова 21:15-22 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Еднаш пак почна војна меѓу Филистејците и Израелците. Давид отиде во бој со своите луѓе, та се бореа со Филистејците така што Давид се замори. Јасви Венов, еден од Рефаимовите потомци, чие копје беше тешко три стотини бронзени сикли и кој имаше на појасот нов меч, се фалеше дека ќе го убие Давида. Но на Давида му прискокна на помош Серуиниот син Ависај, тој го удри Филистеецот та го уби. Тогаш Давидовите луѓе се заколнаа, велејќи му на Давида: „Не ќе одиш веќе со нас во бој, за да не го угасиш Израелевиот светилник!“ Потоа пак избувна војна со Филистејците во Гова; тогаш Хусанецот Сивехај го погуби Сафа, еден од Рефаимовите синови. Покрај тоа настана војна со Филистејците во Гова; тогаш Јаре-Орегимовиот син Елханан од Витлеем го погуби Гетеецот Голијат, кој имаше копјиште колку ткаачко вратило. Потоа избувна пак војна во Гат, каде што беше некој човек со висок раст: тој имаше на секоја рака и нога по шест прсти, и така дваесет и четири; и тој беше потомок на Рефаим. Кога почна да го хули Израел, го уби Јонатан, син на Давидовиот брат Сама. Тие четворица беа потомци на истиот Рефаим од Гат, а загинаа од Давидовата рака и од рацете на неговите слуги.