И започна пак војна меѓу Филистејците и Израелците. И излезе Давид и слугите негови со него и војуваа со Филистејците; и Давид се умори. Тогаш Јишби-Бенов, еден од потомците на Харафа, чие копје тежеше триста шекели бакар и кој беше препашан со нов меч, сакаше да го убие Давид. Но Авеса, синот на Саруја, му помогна и го удри Филистеецот и го уби. Тогаш Давидовите луѓе се заколнаа и рекоа: „Ти нема повеќе да излегуваш со нас во војна за да не згасне светилото Израелово.“ Потоа пак имаше војна со Филистејците во Гов; тогаш Сивхај од Хуша го уби Саф, еден друг потомок на Харафа. Стана и друга битка во Гет; тогаш Елханан, синот на Јааре-Орегим витлеемецот, го уби Гетчанецот Голијат, на кого дршката на копјето му беше колку ткаечко кросно. Настана уште една војна во Гет; и таму имаше еден крупен човек, исто така од потомците на Харафа, со по шест прсти на рацете и на нозете, вкупно дваесет и четири. Тој ги навредуваше Израелците; но Јонатан, синот на Шима, Давидовиот брат, го уби. Тие четворицата беа од родот на Харафа во Гет, и паднаа од раката на Давид и на слугите негови.
Прочитај 2 Самоилова 21
Сподели
Спореди ги сите верзии: 2 Самоилова 21:15-22
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа