2 Самоилова 21
21
Гаваонците и потомците на Саул
1Во дните на Давид имаше по земјата три години глад, година по година. Давид Го праша Господа. И Господ рече: „Тоа е поради Саул и крвничкиот дом негов, поради тоа што ги убиваше Гаваонците.“ 2#Ис.Н. 9,1-27Тогаш царот ги повика Гаваонците и зборуваше со нив. Гаваонците не беа од Израеловите синови, туку остатоци од Аморејците, на кои Израелците им се заколнаа дека ќе ги поштедат, но Саул сакаше да ги уништи од ревност кон потомците на Израел и на Јуда. 3И Давид им рече на Гаваонците: „Што да направам за вас и со што да ве задоволам за да го благословите наследството Господово?“ 4Гаваонците му одговорија: „Не ни треба ни сребро, ни злато од Саул, ниту од неговиот дом, не ни треба да биде убиен некој од Израел.“ Тој праша: „А што сакате? Јас ќе направам.“ 5Тие му одговорија на царот: „Од оној човек што нѐ погубуваше и сакаше да нѐ истреби, за да нѐ нема никаде во израелските предели, – 6#4 Мојс 25,4од неговите потомци предај ни седум души, и ние ќе ги обесиме среде бел ден пред Господ во Гива, градот на Саул, избраник Господов.“ А царот рече: „Ќе ви предадам.“ 7#1 Сам 20,14-17; 20,42; 23,17-18Но царот го поштеди Мемфивостеј, синот на Јонатан, Сауловиот син, поради клетвата во името Господово, која беше меѓу нив, меѓу Давид и Сауловиот син Јонатан. 8#3,7; 6,23; 1 Сам 18,19И ги зеде царот двајцата синови на Рицпа, ќерката на Аја, што таа му ги беше родила на Саул – Армониј и Мемфивостеј, и петте синови на Михала, што таа му ги беше родила на Адриел, синот на Верзелиј од Мехола. 9И ги предаде во рацете на Гаваонците, и тие ги обесија среде бел ден на гората пред Господ. И загинаа сите тие седум души заедно; тие беа погубени во првите дни на жетвата, во почетокот на јачменовата жетва. 10#5 Мојс 21,22-23; 1 Сам 17,44.46Тогаш Рицпа, ќерката на Аја, зеде вреќа, си ја посла на карпа, и седеше од почетокот на жетвата, сѐ додека не се излеаја врз нив од небото Божјите води, и не остави да се допрат до мртвите тела птиците небески дење, и полските ѕверови ноќе. 11И му соопштија на Давид што направила Рицпа, ќерката на Аја, Сауловата наложница. 12#1 Сам 31,10-13Давид отиде, та ги прибра коските на Саул и коските на синот негов Јонатан од жителите на Јавеш Галаадски, кои ги беа зеле тајно од плоштадот на Бет-Шан, каде што ги беа обесиле Филистејците, во денот кога Филистејците го убија Саул во Гелвуја. 13Тој ги пренесе оттаму коските на Саул и коските на синот негов Јонатан; и ги собра коските на обесените. 14#24,25; Ис.Н. 18,28; 1 Сам 9,1И ги погреба коските на Саул и на синот негов Јонатан, во земјата Венијаминова, во Цела, во гробот на татко му Кис. И извршија сѐ што беше заповедал царот. И потоа Бог се смили над земјата.
Битки против Филистејците
15И започна пак војна меѓу Филистејците и Израелците. И излезе Давид и слугите негови со него и војуваа со Филистејците; и Давид се умори. 16Тогаш Јишби-Бенов, еден од потомците на Харафа, чие копје тежеше триста шекели бакар и кој беше препашан со нов меч, сакаше да го убие Давид. 17#18,3; 1 Цар 11,36Но Авеса, синот на Саруја, му помогна и го удри Филистеецот и го уби. Тогаш Давидовите луѓе се заколнаа и рекоа: „Ти нема повеќе да излегуваш со нас во војна за да не згасне светилото Израелово.“ 18#1 Лет; 20,4-8Потоа пак имаше војна со Филистејците во Гов; тогаш Сивхај од Хуша го уби Саф, еден друг потомок на Харафа. 19Стана и друга битка во Гет; тогаш Елханан, синот на Јааре-Орегим витлеемецот, го уби Гетчанецот Голијат, на кого дршката на копјето му беше колку ткаечко кросно. 20Настана уште една војна во Гет; и таму имаше еден крупен човек, исто така од потомците на Харафа, со по шест прсти на рацете и на нозете, вкупно дваесет и четири. 21Тој ги навредуваше Израелците; но Јонатан, синот на Шима, Давидовиот брат, го уби. 22Тие четворицата беа од родот на Харафа во Гет, и паднаа од раката на Давид и на слугите негови.
Селектирано:
2 Самоилова 21: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006