Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 9:6-12

2 Коринтјаните 9:6-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Едно сакам да ви припомнам: кој скржаво сее, скржаво и ќе жнее; кој штедро сее, штедро и ќе жнее! Секој нека даде онолку колку што самиот ќе реши, без да му биде жал или сосила да се принудува. Бог ги сака оние што даваат со радост. А Бог може толку изобилно да ве благослови, така што секогаш ќе имате доволно од се што ви треба, па од изобилието ќе можете да правите разновидни добри дела. Како што е напишано во Светото Писмо: „Дарежливиот човек на сиромасите штедро им дава, праведноста негова ќе се памти довека!“ Бог, Кој обезбедува семе за сеидба, ќе обезбеди и леб за прехрана. А така ќе ви создаде и многубројни можности да сеете добри дела, па плодовите од вашата праведност ќе бидат обилни. Ќе ве направи богати во се, така што уште поштедро ќе можете да давате. Кога ќе им ги однесеме вашите дарови на оние што се во скудност тоа ќе ги поттикне од се срце да Му се заблагодарат на Бог. Зашто, извршувањето на оваа служба, освен што ќе им ги исполни потребите на христијаните во Ерусалим, во исто време ќе поттикне изливи на благодарност спрема Бог.

2 Коринтјаните 9:6-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Ова, пак, ви го велам: кој така скр­жаво сее, така скржаво ќе жнее; а кој богато сее, богато и ќе жнее. Секој да дава како што одлучил во срцето, а не со жал или принуда; зашто Бог го љуби оној што од срце дава. А Бог може изобилно да ве дарува со секаков дар, секогаш да имате доволно за сѐ, да бидете од сѐ срце дарежливи во секое добро дело. Како што е напишано: „Раздаде, им даде на сиромашните; правдата Негова останува вечна.“ А Оној Кој му дава на сејачот семе и леб за храна, Тој ќе го умножи и семето ваше, и ќе ви даде да изобилуваат плодовите на вашата правда, па во сѐ да се збогатите за секаква дарежливост, која преку нас предизви­кува благодарност кон Бога. Бидејќи извршувањето на таа служ­ба не само што ги надополнува пот­ре­бите на светиите, туку и во мнозина предизвикува обилна благодарност кон Бога

2 Коринтјаните 9:6-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

А ова го велам: кој сее скржаво, скржаво и ќе жнее; кој сее во благослов, во благослов и ќе жнее! Секој нека даде како што одлучил во срцето, а не со жал и не од принуда, зашто Бог го љуби радосниот дарител. А Бог е силен да направи сета благодат да се излее изобилно врз вас, за да имате во сѐ секогаш сѐ што е потребно и да ви остане за секое добро дело, како што е напишано: „Растури, им даде на бедните, Неговата правда останува вечна.“ Оној Кој му дава семе на сејачот, ќе му даде и леб за храна; и ќе го умножи вашето семе и ќе направи да израстат плодовите на вашата правда; и да бидете богати во сѐ за секаква дарежливост, која преку нас предизвикува благодарност кон Бога. Зашто извршувањето на оваа света служба, не само што им ја надополнува скудноста на светите, туку и се возвишува со тоа што мнозина Му благодарат на Бога