Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 КОРИНТЈАНИТЕ 9:6-12

2 КОРИНТЈАНИТЕ 9:6-12 MKB

А ова го велам: кој сее скржаво, скржаво и ќе жнее; кој сее во благослов, во благослов и ќе жнее! Секој нека даде како што одлучил во срцето, а не со жал и не од принуда, зашто Бог го љуби радосниот дарител. А Бог е силен да направи сета благодат да се излее изобилно врз вас, за да имате во сѐ секогаш сѐ што е потребно и да ви остане за секое добро дело, како што е напишано: „Растури, им даде на бедните, Неговата правда останува вечна.“ Оној Кој му дава семе на сејачот, ќе му даде и леб за храна; и ќе го умножи вашето семе и ќе направи да израстат плодовите на вашата правда; и да бидете богати во сѐ за секаква дарежливост, која преку нас предизвикува благодарност кон Бога. Зашто извршувањето на оваа света служба, не само што им ја надополнува скудноста на светите, туку и се возвишува со тоа што мнозина Му благодарат на Бога