Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 КОРИНТЈАНИТЕ 9

9
1А во однос на собирање помош за светите, излишно е да ви пишувам, 2зашто ми е позната вашата усрдност, за која се фалам со вас пред Македонците, дека Ахаја, уште од лани, е приготвена и дека вашата ревност поттикнала мнозина. 3Сепак ги испраќам браќата, за да не се покаже, во овој однос, празно нашето фалење со вас и за да бидете, како што реков, приготвени, 4и ако дојдат со мене Македонците и ве најдат неприготвени, да не се засрамиме ние, да не речам вие. 5И така, сметав за потребно да ги замолам браќата да отидат пред нас при вас, и да го приготват однапред вашиот отпорано најавен дар на благослов, така што да биде готов како благослов, а не како користољубие.
6А ова го велам: кој сее скржаво, скржаво и ќе жнее; кој сее во благослов, во благослов и ќе жнее! 7Секој нека даде како што одлучил во срцето, а не со жал и не од принуда, зашто Бог го љуби радосниот дарител. 8А Бог е силен да направи сета благодат да се излее изобилно врз вас, за да имате во сѐ секогаш сѐ што е потребно и да ви остане за секое добро дело, 9како што е напишано: „Растури, им даде на бедните, Неговата правда останува вечна.“ 10Оној Кој му дава семе на сејачот, ќе му даде и леб за храна; и ќе го умножи вашето семе и ќе направи да израстат плодовите на вашата правда; 11и да бидете богати во сѐ за секаква дарежливост, која преку нас предизвикува благодарност кон Бога. 12Зашто извршувањето на оваа света служба, не само што им ја надополнува скудноста на светите, туку и се возвишува со тоа што мнозина Му благодарат на Бога; 13тие се вредното извршување на оваа служба и се поттикнати да Го слават Бога, за вашето покорно признавање на Евангелието за Христа и за дарежливоста на вашето заедништво со нив и со сите, 14и со својата молитва покажуваат дека копнеат по вас, заради преизобилната Божја благодат во вас. 15Благодарение на Бога за Неговиот неискажлив дар.

Селектирано:

2 КОРИНТЈАНИТЕ 9: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се