И почна Соломон да го гради домот Господов во Ерусалим, на гората Морија, која му ја определи Господ на татко му Давид, на она место, што го беше подготвил Давид, врз гумното на Јевусиецот Орнан.
Тогаш Соломон почна да Му гради Дом на Господа во Ерусалим, на Моривската Гора, таму каде што неговиот татко Давид имаше предвид. Тоа е местото што го подготви Давид, гумното на Евусеецот Орнан.
Дома
Библија
Планови
Видеа