Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Летописи 3

3
Изведување на работите при изградбата на храмот; местото, размерите и материјалот за изградбата
1 # 1 Мојс 22,2; 28,17; 2 Сам 24,16-25; 1 Лет 21,15-30; Дела 7,47 И почна Соломон да го гради домот Господов во Ерусалим, на гората Морија, која му ја определи Господ на татко му Давид, на она место, што го беше подготвил Давид, врз гумното на Јевусиецот Орнан. 2#Езд 5,11А почна да го гради на вториот ден од вториот месец во четвртата година од своето царување. 3#Ез 41,2Основата, положена од Соломон при градењето на домот Божји, беше следна: должина шеесет лакти, по старата мерка, а широчина – дваесет лакти; 4а тремот пред домот беше долг колку ширината на домот – дваесет лак­ти, висок, пак, – сто и дваесет. 5#Ез 40,16А главниот дом го обложи со кипа­рисово дрво, го опкова со чисто злато и изработи на него палми и веришки. 6Го украси домот со скапоцени камења за да биде убав; а златото беше од Парваим. 7#1 Мојс 3,24; Ез 41,18Го опкова со злато домот, гредите, праговите, ѕидовите негови, прозор­ците и вратите негови, а по ѕидовите изваја херувими; 8#2 Мојс 26,33и ја направи двораната на Свети­њата над светињите: должината нејзина според широчината на домот – дваесет лакти, и широчината нејзина – дваесет лакти; и ја покри со шестотини кикари чисто злато. 9#2 Мојс 26,32Тежината на клиновите беше: секој клин педесет шекели злато. И горните одаи ги опкова со злато. 10#2 Мојс 25,18А во Светињата над светињите на­прави два херувима од дрво што не гние, резбарска работа, и ги опкова со злато. 11Крилјата на херувимите им беа во должина дваесет лакти: едното кри­ло, пет лакти, се допираше до ѕидот на до­мот, а другото крило, исто така пет лакти, се среќаваше со крилото на другиот херувим; 12исто така и едното крило на другиот херувим, пет лакти, се допираше до ѕидот на домот, а другото крило, пет лакти, се среќаваше со крилото на другиот херувим. 13Крилјата на херувимите беа раши­рени на дваесет лакти; и тие стоеја на нозете свои со лицето кон храмот. 14#1 Мојс 3,24; 2 Мојс 26,31Направи завеса од сина, пурпурна и темно црвена ткаенина и од висон, а на неа извезе херувими.
Два столба
(1 Цар 7,15-22)
15 # 1 Цар 7,15.20; Откр 3,12 Пред храмот направи два столба, високи по триесет и пет лакти, и капи­тели одозгора – секој од по пет лакти. 16#1 Цар 7,17.20Направи и веришки, како во свети­лиштето, и ги положи врз столбовите; направи и сто нарови, кои ги постави на веришките. 17Ги постави столбовите пред хра­мот: едниот десно, другиот лево, и десниот го нарече Јахин, а левиот Вооз.

Селектирано:

2 Летописи 3: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се