1 Самоилова 7:12-13
1 Самоилова 7:12-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И Самоил зеде еден камен и го стави меѓу Мицпа и Шен, и го нарече Евен-Езер што значи „До овде ни помогна Господ.“ Така беа скротени Филистејците и не се осмелуваа повеќе да дојдат во пределите Израелови. И раката Господова беше врз Филистејците во текот на сите денови на Самоиловиот живот.
Сподели
Прочитај 1 Самоилова 71 Самоилова 7:12-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А Самоил зеде еден камен и го постави меѓу Миспа и Сена и го нарече Евен Езер (Камен на Помош), говорејќи: „Господ ни помогна дотука.“ Така Филистејците беа понижени, и никогаш веќе не се нафрлија на Израелевата земја, а Господовата рака ги притискаше Филистејците за време на сиот век на Самоила.
Сподели
Прочитај 1 Самоилова 7