1 Самоилова 7
7
1 #
2 Сам 6,3.4 И дојдоа мажи од Кирјат-Јарим, го зедоа ковчегот на заветот Господов и го однесоа во куќата на Авинадав, на ридот, а синот негов Елеазар го посветија да го чува ковчегот на заветот Господов.
Филистејците се победени. Самоил, водач на Израел
2 #
Суд 6,6; 10,10 Од оној ден, кога ковчегот остана во Кирјат-Јарим, измина многу време, речиси дваесет години. И сиот Израелов дом гледаше со почит кон Господ. 3#1 Мојс 35,2; Ис.Н. 24,14.23; Суд 10,13; Мт 4,10И му рече Самоил на сиот Израелов дом, велејќи: „Ако од сѐ срце Му се враќате на Господ, отстранете ги од средината своја туѓите богови и статуите на Аштарта, подгответе ги срцата свои за Господ и Нему единствено служете Му, и Тој ќе ве избави од филистејските раце.“ 4#Суд 2,13; 10,10И Израеловите синови ги отстранија разните Вааловци и Аштарти и почнаа да Му служат само на Господ. 5#12,19.23; Пс 99,6И рече Самоил: „Соберете ги сите Израелци во Мицпа, и јас ќе Му се помолам на Господ за вас.“ 6#Суд 20,26; Ис 58,2-7; Неем 9,1И се собраа во Мицпа, и црпеа вода, ја истураа пред Господ, и постеа тој ден, велејќи: „Згрешивме пред Господ.“ А Самоил им судеше на синовите Израелови во Мицпа. 7#17,11Кога Филистејците слушнаа дека синовите Израелови се собрале во Мицпа, кнезовите нивни излегоа против Израел; Израелците, откако го слушнаа тоа, се уплашија од Филистејците. 8#2 Мојс 17,4; 17,8-13; Пс 99,6Тогаш Израеловите синови му рекоа на Самоил: „Не престанувај да Го молиш Господа, нашиот Бог за нас, та некако да нѐ спаси од филистејските раце.“ 9#2 Мојс 29,38; 3 Мојс 23,12; Пс 22,5И Самоил зеде едно јагне цицалче и го принесе како жртва сепаленица на Господ; повика Самоил кон Господ за Израел и Господ го слушна. 10#Ис.Н. 10,10-11; Суд 5,20-21; 2 Сам 22,14-15И кога Самоил ја принесуваше сепаленицата, Филистејците дојдоа да се борат против Израел. Но тој ден Господ загрме со силен татнеж над Филистејците и испрати против нив силен ужас, и тие така се збркаа што паднаа пред Израел. 11Израелците излегоа од Мицпа, ги гонеа Филистејците и ги разбиваа сѐ до под Бет-Кар. 12#1 Мојс 35,14; Ис.Н. 4,9И Самоил зеде еден камен и го стави меѓу Мицпа и Шен, и го нарече Евен-Езер што значи „До овде ни помогна Господ.“ 13#2 Мојс 9,3; 5 Мојс 2,15; Суд 4,23; 8,28; 11,33; 2 Сам 24,17Така беа скротени Филистејците и не се осмелуваа повеќе да дојдат во пределите Израелови. И раката Господова беше врз Филистејците во текот на сите денови на Самоиловиот живот. 14А му беа вратени на Израел градовите што Филистејците ги беа презеле од Израел, од Екрон дури до Гет, и Израел ги ослободи пределите нивни од филистејските раце, и настана мир меѓу Израел и Аморејците. 15#Суд 4,4; 12,7-9.11; 12,13-14; 16,31И Самоил беше судија над Израел за сите денови на својот живот. 16И секоја година одеше и го обиколуваше Ветил, Гилгал и Мицпа, и му судеше на Израел по сите тие места. 17Потоа се враќаше во Рама, бидејќи таму беше куќата негова, таму живееше и таму му судеше на Израел, а таму изгради и жртвеник на Господ.
Селектирано:
1 Самоилова 7: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006